ПОВЕЌЕ

    АНАЛИЗА: Земаат пензија од 57,992 денари, еве колку пензионери уживаат во пензионерските денови

    Време зa читање: 4 минути

    Фондот за пензиско и инвaлидско осигурување ги објави податоците за движењата на пензиите во ноември 2021 година. Во ноември бројот на пензионери изнесувал 326 814, a просечната пензија 15.845 денари, пишува Пари.

    Најголем дел од пензионерите 325 773 се корисници на старосна пензија, воена пензија земаат 966 пензионери, а корисници на земјоделска пензија се 75.

    Воените пензионери се оние кои имаат и најмирни пензионерски денови во земјава бидејќи нивната просечна пензија е највисока и изнесува 22.991 денари. Граѓаните што оствариле старосна пензија имаат просечни примања од 17.111 денари, додека корисниците на инвалидска пензија остваруваат просечни примања од 14 265 денари. Пензијата на корисниците на семејна пензија во просек изнесува 12.672 денари, а земјоделската пензија е најниска и просечната се движи околу 8.258 денари.

    КОРИСНИЦИ ПО ГРУПА НА ИСПЛАТА

    Колкав е бројот на пензионери во однос на висината на пензијата што ја земаат? Оваа статистика покажува дека бројот на пензионерите во Македонија според висината на пензии може грубо да се каже дека е поделен на речиси четири горе долу слични податоци.

    • Статистиката покажува 94,155 пензионери земаат пензија над 18.001 денар што е група со највисоки пензии. Оваа група има најголемо учество од 28,81 процент
    • Малку помалку 88,467 пензионери земаат до 11,000 денари пензија што е 27.07 проценти. Оваа група се пензионери со најниски примања
    • Од 11.0001 денар до 14.000 денари пензија земаат 75,664 пензионери што 23.15 проценти од вкупниот број на пензионери
    • И од 14.000 до 18.001 денар пензија земаат 68,528 пензионери или 20,97 проценти од пензионерите спаѓаат во групата со овие примања

    НАЈНИСКИ ПЕНЗИИ

    Колку се најниските пензии во земјава? Статистиката на ПИОМ покажува дека пензионери што оствариле право на пензија од 31.12. 1996-та земаат пензии од 12.222 до 12.801 денар. Нивниот број изнесува 10.947.

    Вкупно 4.520 пензионери со право на пензија од 01.01.1997 година земаат пензии во висина од 9,986 денари до 11.146 денари.

    Најголемата група во квотата најниски пензии земаат пензии од 10.487 до 11.703 денари. Нивниот број изнесува дури 65,050 пензионери, а правото на пензиски примања го остварила од 01.01.2002-ра.

    МАКСИМАЛНИ ПЕНЗИИ

    1,334 пензионери уживаат во највисоката пензија во земјава. Од нив 1,258 ова право го остварила врз основа на старосна пензија, 23 се корисници на инвалидска пензија, 53 семејна пензија.

    Најголем дел, 881 од нив земаат пензија од 42.240 денари, а правото на пензија го оствариле во 2002 година. Највисоката пензија во земјава изнесува 57,992, а во оваа пензија уживаат 55-рица пензионери. Правото на оваа пензија го оствариле од 01.01.2021-ва. Максималните пензии во земјава се движат во распон од 40,548 денари до највисоката 57,992 денари.

    НОВИ И ПОЧИНАТИ КОРИСНИЦИ

    Во ноември имало 2,406 нови корисници на пензии од нив мажи се 1,690, жени 716. Од нив 1.614 се стекнале со старосни пензии, останатите се семејни и инвалидски.

    Во ноември статистиката на ПИОМ бележи 1,836 починати корисници на пензија, од нив 1,436 се мажи и 400 жени.

    ОД ОВОЈ МЕСЕЦ ПИОМ ВОВЕДЕ ДВЕ НОВИ СТАТИСТИКИ

    Едната статистика се однесува на податоци за вкупниот број на корисници на пензии на кои им се прави задршка како и за уплатените средства на Сојузот на пензионерски здруженија на Македонија. Втората статистика се однесува на исплатените средства за починати пензионери од Солидарниот фонд.

    Податоците за јануари- ноември 2021 покажуваат дека вкупниот број на корисници на пензија од кои се прави задршка изнесува 308,823 ца. Висината на членарината е 30 денари, а на уплатените средства до Сојузот на здруженија на пензионери за 11 месеци изнесува 102.692.760 денари.

    ИСПЛАТЕНИ СРЕДСТВА ОД СОЛИДАРЕН ФОНД ЈАНУАРИ-НОЕМВРИ 2021

    Само во ноември месец од Солидарниот фонд за починати пензионери се исплатени 43.800.000 денари, додека јануари-ноември 2021 година 460.980.000 денари.Во ноември бројот на починати пензионери за кои се исплатени средства е 1 460, додека за 11 месеци вкупно се исплатени средства за 15 367 починати пензионери од Солидарниот фонд.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично