Зголемен извоз и намалени залихи се ефектите од минатогодишното работење на „Пелистерка“ АД Скопје, што се манифестира паралелно со стабилизацијата на пазарот. Во споредба со 2021, финансискиот резултат е зголемен за 4.392.946 денари, односно во противвредност од 71,27 илјади евра.
На крајот од годината „Пелистерка“ имала нето добивка по оданочување од 375,2 илјади евра (23,132 илјади денари), која е повисока од тие 338,1 илјада евра (20,840 илјади денари) од претходната 2021.
Исто така, зголемување има кај оперативните приходи кои достигнале 6,4 милиони евра (399,041 илјади денари), за разлика од 2021 кога изнесувале 6,1 милион евра (381,969 илјади денари). Во тие рамки најголем е уделот на остварената продажба на домашниот пазар со 5,5 милиони евра (342,845 илјади денари), а од странство се слеале 902,8 илјади евра (55,651 илјада денари).
Оперативните расходи, пак, изнесуваат 5,8 милиони евра (358,208 илјади денари).
Во текот на минатата година компанијата не исплатила дивиденда. Во тој период имало инвестиции, а и се постигнало намалување на кредитната изложеност, со тоа што се намалени долгорочните и краткорочните кредити.
Од „Пелистерка“ во известувањето до Берзата наведуваат дека исполнувањето на планот за производство и продажба не е на задоволително ниво, а причините се економската криза, воениот конфликт, како и Ковид пандемијата чии влијанија се уште се чувствуваат.