„Пелистерка“ повеќе од двојно ја зголеми добивката во првата половина од годината. На крајот од јуни е забележан нето износ по оданочување од 14.425 илјади денари или 234 илјади евра. Пред една година финансискиот успех се мерел со 5,789 илјади денари, односно 94 илјади евра.
Од компанијата наведуваат дека резултатите се постигнати поради стабилизацијата на пазарот, што придонело и за раст на извозот и за намалување на залихите. на готов производ се намалени во споредба со минатата година.
Во текот на работењето од јануари па заклучно со јуни, „Пелистерка“ АД евидентирала оперативни приходи од 185.827 илјади денари (три милиони евра). Во споредбениот период лани тие изнесувале 174,923 илјади денари/2,8 милиони евра. Притоа, доминантни се приливите од продажбата на домашниот пазар.
Кај оперативните расходи, пак, разликата не е голема – лани изнесувале 2,39 милиони евра, а на крајот од јуни годинава 2,38 милиони евра. Тоа, според образложението од компанијата, се должи на повисоките цени на репроматеријалите, на горивото и на електричната енергија.
За функционирањето во првото шестмесечие, од „Пелистерка“ сметаат дека исполнувањето на планот за производство и за продажба е на задоволително ниво.
Маја Анастасова