ПОВЕЌЕ

    „КК Пелистер“ и „Таскфорс“ успешен битолски двоец – Клубот со висока добивка, спонзорот со големи приходи

    Време зa читање: 2 минути

    Кошаркарскиот клуб Пелистер е најпрофитното друштво меѓу фирмите кои немаат ниту еден вработен. Минатогодишната добивка е 396 илјади евра. Тоа е повеќе од половина од остварените приходи – 690 илјади евра.

    Освен што полнат кошеви и спортски сали, на клубот веројатно поволно се одразува и спонзорството од „Таск Форс“, за кое минатата година беше склучен договор од страна на Општина Битола. Мотото е „Заедно до врвот!“, а „пелистерци“ успеаја да дојдат до финалето во плејофот.

    Всушност, веднаш по веста дека зад битолската гордост во наредните три сезони застанува сериозен спонзор, беше најавено дека клубот ќе се стабилизира и ќе тргне во нови победи.

    ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: ВО ДРЖАВАТА ИМА 1.535 ФИРМИ БЕЗ ВРАБОТЕНИ, А СВРТЕЛЕ БЕЗМАЛКУ 42 МИЛИОНИ Евра!

    Клубот, кој е во стопроцентна сопственост на Општината, го крева адреналинот меѓу битолчани од 1992, кога бил формиран како КК Младост Металец, име под кое настапува до 1996 година. Најголемите достигнувања – полуфиналист и финалист на Купот на Македонија ги има во времето кога спонзор бил „Свислајон“, од 2006 до 2009 година.

    „Таскфорс“, пак, е компанија која обезбедува консултантска и административна поддршка од областа на здравствeните услуги, преку осигурувањето, сметководството до маркетингот. Или, клиентите се растоваруваат од задолжителните, често и долготрајни административни процеси, кои веќе осум години за нив ги „брка“ оваа фирма. Сите тие активности лани на „Таскфорс“ му донеле приходи од 27,8 милиони евра, кои за една година се зголемиле за 71,2 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично