Големите акционери на Реплек, генералниот директор Душан Пецовски и Сава пензиски фонд ги зголемија сопственичките удели. Градежната компанија Настел и натаму продава акции.
Пецовски во моментот поседува 12,31 отсто од акционерскиот капитал.
„Постапувајќи согласно член 38 од Правилата за котација на Македонска берза АД Скопје, Реплек АД Скопје објавува
Акционер со над 5% Пецовски Душан воедно претседател на Управниот одбор и генерален директор на Реплек АД Скопје, се стекна со 25 нови акции, со што поседува вкупно 31.900 или 12,31% од вкупниот број на акции“, ја извести Реплек инвеститорската јавност.
Во информацијата е наведено дека од Сава пензиски фонд се купени 113 акции:
„Акционер со над 5% Отворен задолжителен пензиски фонд Сава пензиски фонд се стекна со 113 нови акции, со што поседува вкупно 16.703 или 6,44% од вкупниот број на акции“.
Настел на бизнисменот Зоран Азманов подолг временски период е во улогата на продавач и сопственоста засега ја сведе на 6,19 отсто.
„Акционер со над 5% односно компанијата НАСТЕЛ ДООЕЛ продаде 167 акции, со што поседува вкупно 16.045 или 6,19% од вкупниот број на акции“, пишува во објавата од Реплек.
Аналитика








