Глобалната платформа за плаќање Payoneer, и компанијата за преземање “специјална намена” FTAC Olympus Acquisition, објавија дека постигнале конечен договор и дека идната компанија ќе работи како американско јавно акционерско друштво Payoneer Global.
Според изјавата, вредноста на компанијата се очекува да достигне околу 3,3 милијарди долари. Се додава дека мисијата на Payoneer е демократизација на пристапот до финансиски услуги и поттикнување на растот на дигиталните компании од сите големини ширум светот.