Високиот раст не цените за првите два месеци од 2023 година не испорача висок раст на приходите од ДДВ во Буџетот на Македонија!!?? Напротив. Нето приходот од ДДВ за првите два месеци од 2023 година има пад од 6,3% споредено со истиот период претходната година. (Бруто приходот од ДДВ во 2023 година има скромен раст од 1%) – Фејсбук статус на даночниот експерт Павле Гацов, кој предизвика внимание и надвор од просторот на социјалната мрежа.
Во продолжение, Гацов пишува:
„За илустрација, цените (инфлацијата) во истиот период имаат раст од 16,9%
Од овие две бројки (6,3 + 16,9) се добива реалниот пад на нето приходот од ДДВ за повеќе од 23%!!????
Даноците на доход (данок на личен доход и данок на добивка) имаат добра наплата за правите два месеци.
Наплатата на овие два даноци ќе продолжи добро и во наредниот период (зголемена минимална плата, зголемена просечна плата, исплата на дивиденди…).
За данокот на добивка на ред се најиздашните месеци – март и април.
Добар раст имаат и социјалните придонеси (18%), исто така темелен на растот на платите, од април натаму нивниот раст ќе биде уште подобар заради растот на платите“.
Во прилог на напишаното Гацов објавува и табела од која се гледа како во првите два месеци се слевале пари во Буџетот.
Со свој коментар се надоврзува и Славко Лазовски, даночен експер во пензија, кој работниот век го мина во Министерството за финансии.
„Одложувања, па и откажувања на крупните купувања, кои не се неопходи за купувачот. Приходите на ДДВ од сите видови даноци имаат најизразита политичка димензија. Штом приходите опаѓаат значи и опаѓа довербата во владејачката гарнитура. ДДВ е најсеопфатната анкета на граѓаните, а не по репрезентативен примерок. Трето, време е да се изврши притисок на УЈП да го ‘отвори’ серверот за да се извлечат најкорисните податоци за бизнисот: што најмногу се купува, во кој дел од денот и сезони, по места (градови), за да се прават: предметни, временски и територијални анализи. Тоа би било уште една голема придобивка од ДДВ“.