ПОВЕЌЕ

    На овој линк може да аплицирате за паричен надоместок ако сте биле без работа од 11 март до 30 април

    Време зa читање: 2 минути

    Аплицирајте за паричен надоместок тука.

    За да им излеземе во пресрет на сите што имале прекин на работен однос донесовме Уредба што го проширува опфатот на лица кои можат да примаат паричен надомест. Според Уредбата, сите оние кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен отказ или лична изјава, или добиле отказ од работодавачот, ќе можат два месеца да примаат паричен надоместок, посочи дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ.

    Таа, во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, апелираше до лицата кои потпишале спогодбен отказ или дале лична изјава за прекин на работниот однос, да аплицираат во Агенцијата за вработување до 26 јуни.

    – Аплицирањето е веќе во тек. Сите оние кои имале прекин на работен однос во посочениот период треба да поднесат барање до надлежниот центар за вработување на Агенцијата за вработување. Рок за поднесување на барањата е 26 јуни. Досега во Агенцијата се пристигнати над 2.300 барања, наведе Шкријељ.

    Таа укажа дека Владата и Министерството за труд и социјална политика обезбедиле брз пристап до материјално обезбедување и за онаа група невработени кои претходно работеле со договор на определено време и кој по сила на закон истекол, а немаат потребен минимум од девет месеци непрекинат стаж или 12 месеци стаж со прекин, за да остварат право на паричен надоместок.

    – Затоа го релаксиравме и системот на социјална заштита. Сите семејства кои останале без приход, можат да влезат во системот на социјална заштита и да примаат гарантирана минимална помош. Тоа значи, ако претходно ги следевме приходите на едно домаќинство во последните три месеци за да видиме дали треба да влезат во системот, сега ги гледаме приходите само од претходниот месец. Затоа ги повикувам сите семејства што се нашле во ваква ситуација на ризик, да се обратат во центрите за социјална работа и да поднесат барање за гарантирана минимална помош. Со ова излегуваме во пресрет на оние што се најранливи во нашето општество,  истакна Шкријељ.

    Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

    Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> топ 100 најголеми ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично