ПОВЕЌЕ
    spot_img

    ПАРИ ЕКСКЛУЗИВНО: 100 НАЈПРОФИТНИ КОМПАНИИ ЛАНИ ИМАЛЕ РАСТ НА ДОБИВКА ОД 16,7 проценти

    Време зa читање: 4 минути

    Ексклузивена листа на Пари: 100 НАЈГОЛЕМИ компании по добивка во 2022 година

    Во време кога профитите на компаниите сѐ почесто се споменуваат во негативна конотација – дека во време на криза компаниите оствариле поголеми добивки и тоа не само поради зголемениот приход од инфлацијата, порталот Пари во соработка со БизнисМрежа.мк направи анализа на нивните добивки во 2022 година и ги спореди со добивките од 2021 година. Податоците покажуваат дека стоте најголеми компании во државава по добивка во 2022 година направиле вкупен нето-профит од 719,3 милиони евра, а истите тие во 2021 година имале добивка од 615,7 милиони евра. Оттука, минатогодишниот раст на профитот на ланските најпрофитни компании во вкупен износ е дури 16,7 проценти. Индексот на трошоците за живот во 2022 година, во однос на 2021 година, пак, бележи пораст од 14,2 проценти, а индексот на цените на мало е 12,6 проценти, што значи дека профитот на компаниите е поголем од апсолвираната инфлација.

    100 НАЈГОЛЕМИ КОМПАНИИ ПО ДОБИВКА во 2022 година

    Како што може да се види од податоците, стоте најпрофитни компании во 2022 година имале раст на својот профит за 103,6 милиони евра. Но, тука има и фирми кои во 2021 година воопшто немале добивки, а во 2022 година се провреле во друштвото на најпрофитабилните. Станува збор за ДУРА АУТОМОТИВЕ СТРЕКЧЕРС ДООЕЛ Илинден, ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ Скопје, Друштво за снабдување со електрична енергија ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје, Друштво за производство, трговија и услуги БУЧИМ ДООЕЛ Радовиш, Друштво за трговија и услуги ИНДУСТРИ БИЗНИС СЕРВИС ЦЕНТАР ДООЕЛ Скопје.

    На врвот на списокот и понатаму останува Џонсон мети, како компанија со најголема добивка, дури 72,7 милиони евра. Истата позиција ја имаше и во 2021 година. Оваа компанија е и најголема во државава, со приход од речиси 2,5 милијарди евра. Но она што може да се забележи е дека иако има раст на приход од 19 проценти, има пад на добивка од 9 проценти.

    Всушност, иако вкупната добивка на 100те најголеми компании по добивка во 2022 година покажува раст на добивката, еден голем дел од компаниите имале намалување на добивките, но затоа имало такви што имале екстремен раст, како на пример Друштво за трговија и услуги ЕТМТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје, за 5.505 проценти, Друштво за производство и трговија АТС ГРОУП ДООЕЛ Скопје, за 3.437 проценти, Друштво за производство, трговија и услуги РКМ ДОО Скопје, за 2.746 проценти, МАРКОВСКИ КОМПАНИ Борче ДООЕЛ увоз-извоз Битола, за 1.535 проценти, ДУФЕРЦО МК ДОО Скопје, за 1.124 проценти. Односно, компаниите кои директно или индиректно се поврзани со енергетскиот бизнис, каде што имаше огромен скок на цените, имаат и огромен раст на добивките.

    Во продолжение: Ексклузивна листа на Пари – 100 НАЈГОЛЕМИ ПО ДОБИВКА

    Редакција Пари

    Лектор: Христина Ангелеска

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    8,528Следи нè на facebookЛајк

    слично