ПОВЕЌЕ

    ,,ПАРИ” ДЕНЕС: ШТО ОТКРИВААТ ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ на Македонска берза

    Време зa читање: 2 минути

    Во првото полугодие од годинава со добивка биле 72 котирани друштва, додека ланското прво полугодие со загуба го завршиле 67 котирани друштва. Соодветно на овие бројки, годинава имало и помалку фирми што полугодието го завршиле со загуба во однос на лани. Така, за 6 месеци, во загуба влегле 19 фирми кои се котирани на Македонската берза, а лани, во истиот период загуба имале дури 24 компании.

    ПериодБрој на компании со добивкаБрој на компании со загуба
    Од 01.01.- 30.06.20227219
    Од 01.01.- 30.06.20216724

    Податоците покажуваат дека во првото полугодие од 2022 година, заедничкиот профит на овие 72 компании е 154,2 милиони евра. Минатата година, во истото полугодие, заедничкиот профит на 67 компании со добивка е 142,3 милиони евра.

    Од друга страна, иако годинава има помалку компании во загуба, нивната заедничка загуба е поголема од ланската. Годинава 19 компании кои биле во загуба креирале негативен резултат од  12,8 милиони евра. Лани, 24 компании заеднички создале минус од 6,9 милиони евра.

    Кое котирано друштво забележало најголема промена, кое е со најголема добивка, а кое котирано друштво испишало загуба?

    Читајте ја целата анализа ШТО ОТКРИВААТ ФИНАНСИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ НА МАКЕДОНСКА БЕРЗА – ПРИКАЗ НИЗ ТАБЕЛИ

    НЕИЗВЕСНОСТА ПРОДОЛЖУВА

    Цените на гасот повторно се зголемија оваа недела до рекордни 600 евра за мегават час, во споредба со 34 евра пред две години. Причината е војната во Украина и намалувањето на испораката на гас од Русија. Рускиот државен добавувач Газпром оваа недела објави дека ќе го затвори гасоводот Северен тек 1 поради одржување, намалувајќи ја уште повеќе достапноста на гасот.

    Читајте: Цените на гасот во Европа поставуваат нови рекорди

    Руската економија го избегна колапсот што многумина го предвидоа. Парот долар-рубља е во релативно тесен опсег 57-61 речиси месец и половина. Рубљата престана да зајакнува и се чини дека парот моментално достигна рамнотежа на понудата и побарувачката. Читајте: Рубљата се стабилизираше наспроти доларот

    ЧИТАЈТЕ УШТЕ:

    И годинава, на 8 септември, трета година по ред, во Маврово ќе се одржи хронометар велосипедската трка Halk Velo Green чиј организатор е Халкбанк АД Скопје како дел од општествено одговорните активности на банката насочени кон негување здрави животни навики и заштита на природата, а кои се реализираат преку платформата HalkEco.

    20% повеќе патници во автобускиот сообраќај од лани

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично