Во сите казина и обложувалници, македонските граѓани минатата година оставиле 526,5 милиони евра.
Од вложените половина милијарди евра, некој и ќарил. Но обложувањата и коцката се такви што многумина ќе изгубат пари. Некои загуби се незначителни, всушност тоа се пари планирани за малку евтина социјална дружба, со тикет во рака во спортска обложувалница, како во некое кафуле на пијачка и е препознатливо како социјално коцкање. Професионалното коцкање е работа со која се занимаваат обучени, вешти и дисциплинирани лица, додака пак патолошкото коцкање -најчесто е препознатливо кај оние што го плаќаат најголемиот цех, што упропастиле цели семејства.
Зависноста од коцка е нарушување што е карактеристично по честите, повторувачки епизоди на коцкање кои доминираат во животот на една личност се до степен на оштетување на социјалниот, професионален и семеен живот. Зависниците од коцка трошат се повеќе и повеќе пари со цел да го доживеат посакуваниот интензитет на возбудувањето.
Порталот Пари, во првиот дел од анализата направи детален опис на приходи и добивки на сите 18 највлијатени компании од бизнис секторот „обложувалници и огранизатори на игри на среќа“.
Kомпанијата каде најмногу се остваат пари на апаратите за игра на среќа„Про Бетинг“, лани направила промет од дури 83,7 милиони евра, има „лабава“ добивка од само 78.000 евра.
Во оваа компанија лани работеле 185 вработни, просечната нето-плата е далеку под просекот и изнесувала 18.354 денари (Минатата година просечната нето-плата во државата била 28.718 денари)
Компанијата ТXE-СЛОТС ДОО Скопје, каде минатата година работеле 316 лица, просечната нето -плата изнесувала 17.547 денари, додека пак играчите оставиле 8,7 милиони евра, а профитот на фирмата изнесувал 267.000 евра.
Најголемиот просек е во КАСИНОС АУСТРИА ИНТЕРНАТИОНАЛ МАКЕДОНИЈА ДОО Скопје. Но во оваа компанија има само еден вработен така што тоа е неговата плата и лани била 281.332 денари.
ЧИТАЈТЕ КОИ СЕ ТОП 10 КОМПАНИИ ПО БРОЈ НА ВРАБОТЕНИ ОД ОВАА ИНДУСТРИЈА И КАКВИ ПЛАТИ ДЕЛАТ
ЧИТАЈТЕ ШТО ВЕЛАТ ОД АСОЦИЈАЦИЈА НА ПРИРЕДУВАЧИ НА ИГРИ НА СРЕЌА БИДЕЈЌИ, Тие за порталот Пари објаснија што прават со приходите
ЧИТАЈТЕ УШТЕ И:
НЛБ Банка со нова кредитна линија за стимулирање и развој на домашните компании
Млад Македонец успеа да направи подобро гиро од грците – Студент од Скопје направи успешен фаст фуд бренд Станува збор за Кристијан Угриновски (21г.), млад бизнисмен и Гиро Хаус е негов прв проект кој го добил како идеја уште во студентските денови кога работел како гиро мајстор во ресторани на повеќе места во Грција.
КОЛКАВ УДАР ПРЕТРПЕ ТВИТЕР ОД СВИРКАЧОТ ЗАТКО?