Лабораториите се чини ги живеат своите најдобри денови. Цути нивниот бизнис, а одговорен за ситуација најмногу е Ковид 19. Брисеви за корона вирус, проверка на антитела, д-димери, крвни слики, секојдневно овие лаборатории беа затрупани од пациенти кои не можеа да чекаат на здравствените услуги од државното здравство кога се работи за нивното здравје. Додека за брис за корона на државно се чекаше и по една недела приватните лаборатории беа ажурните и резултати се добиваа за еден или истиот ден. Во целиот страв од здравствената криза никој не штедеше за испитувања на своето здравје по цена и цела плата да ја потроши по лабораториите.
Како што може да се види од податоците, тие лани оствариле многу поголем промет отколку во 2020 година. Ланскиот приход бил 21 милион евра, а прекланскиот 9,9 милиони евра. Пред пандемијата пак, во 2019 година, прометот, а со тоа и оставените пари од граѓаните за лабораториски услуги во приватните лаборатории, бил повеќе од двојно помал отколку во 2020 година и изнесувал 4,67 милиони евра. Во 2018 година, вкупниот промет бил сличен, но помал и изнесувал 4,16 милиони евра.
Анализата на податоците што ја направи порталот „Пари“ покажува дека минатата година најмногу пари граѓаните оставиле во „Авицена“ – дури 7,1 милиони евра. На второ место е „Биотек“ која направи промет од лабораториските анализи во износ од 6,1 милион евра, „Никоб лаб“ имал приход од 4 милиони евра, додека „Синлаб“ е со реализација од 3,8 милиони евра.
Убедливо најголема добивка, како и најголем промет, имала „Авицена“. Притоа, нејзината стапка на профитабилност како сооднос на нето-добивката во однос на вкупниот приход изнесувала 39,4%.
Читајте Какви профити оставиле лабораториите?
во најновата ,,ПАРИ” АНАЛИЗА: Граѓаните оставиле дури 21 милион евра во само четири лаборатории лани!
,,За прв пат во Македонија со формирање на компанијата ДатаБанк ДООЕЛ Скопје ќе се постават нови стандарди во финансискиот свет и достапноста до податоци. Компанијата од самото формирање почна да развива платформи кои се базираат на концептот глобално познат како Sharing Economy кој подразбира делење на секаков вид ресурси и знаења за нивно максимално искористување во интерес на стопанството и потрошувачите.. Читајте ”ИНТЕРВЈУ| ЏИКОВ: ДатаБанк е прва компанија што ќе креира платформи за размена на финансиски податоци во Македонија
Ангеловска-Бежоска: Основната камата е сѐ уште под нивото од почетокот на пандемијата
Народната банка како превентивен одговор на се повисоките инфлациски очекувања ја зголеми основната камата за 0,25 п.п.
Од Македонската банкарска асоцијација за порталот ,,Пари” велат дека по овој потег од Народната банка може да се очекува да има прилагодување кај каматните стапки.
И да има промени од МБА посочуваат дека досега вообичаена практика е промената на каматните стапки да не се однесува на фиксните каматни стапки се до периодот на важност на договорот за кредит и до рокот на достасување на депозитот.
Путин ѝ порача на Европа: Сè уште ви треба руски гас, но ние се вртиме кон исток
И, додека ЕУ дебатира дали да воведе санкции за рускиот гас и нафта, а земјите-членки бараат испораки од друго место, Кремљ создава поблиски врски со Кина, најголемиот светски потрошувач на енергија, и други азиски земји. „Таканаречените партнери од непријателски земји самите признаваат дека нема да можат да се снајдат без руските енергетски ресурси, вклучително и без природен гас, на пример“, рече Путин на владиниот состанок емитуван во живо на државната телевизија. „Во Европа сега нема рационална замена (за рускиот гас)“.
ЧИТАЈТЕ УШТЕ
АБРАМОВИЧ ОСТАНА БЕЗ 25 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ И ЛУКСУЗЕН ИМОТ НА АЗУРНИОТ БРЕГ
НАЈГОЛЕМИТЕ СВЕТСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОНДОВИ ЗА НЕДВИЖНИНИ
АКЦИОНЕРИТЕ НА ТВИТЕР ГО ТУЖАТ МАСК ДЕКА ИМ НАШТЕТИЛ
ГЕРМАНИЈА БИ МОЖЕЛА ДА ЗАГУБИ 220 МИЛИЈАРДИ АКО СЕ ОТКАЖЕ ОД РУСКИОТ ГАС И НАФТА
ТИТУЛАТА СВЕТСКИ АВТОМОБИЛ НА ГОДИНАТА ЗА 2022 ДОДЕЛЕНА НА HYUNDAI IONIQ 5