Што ако светските лидери, секогаш облечени во нивните вообичаени облеки, се преобразат во поинаква мода за еден ден? Извршниот директор на Tesla, Илон Маск, објави видео генерирано со вештачка интелигенција, прикажувајќи ги виртуелно глобалните лидери како Нарендра Моди, Џо Бајден, Доналд Трамп и многу други во футуристички модни облеки, каде што напиша дека дојде времето за модна ревија смислена од вештачката интелигенција.
Од видеото се забележува дека модната ревија ја отвора Папата Франциско во бела дебела јака, со златен каиш. По него следи рускиот претседател Владимир Путин во „Луј Витон“ фустан со боите на виножитото, а следен е американскиот претседател Џо Бајден кој е во количка и носи камуфлажно одело.
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг се прошета по пистата во голем, широк дуксер обложен со златни синџири. Во меѓувреме, кинескиот претседател Си Џинпинг се појави во шарен црвен ансамбл со дезени од плишано мече и чанта.
Основачот и директор на „Мета“, Марк Закерберг, на пистата шета во одело од гуштерска кожа, а поранешниот американски претседател Барак Обама се појавува во „Матрикс“ издание и менува десетина различни комбинации.
На пистата се појави и потпретседателката на САД, Камала Харис, со здолниште на кое е напишано „Харис 2024“, како порака дека е најверојатниот кандидат на Демократите на престојните претседателски избори.
На видеото се појави и самиот Маск, облечен како суперхерој во футуристичка облека на Tesla и X.