Пандемијата со корона вирусот предизвика економска штета ширум светот, но исто така предизвика и благодет за богатите. Се проценува дека 5,2 милиони луѓе во светот станаа милионери минатата година.
Извештајот на Кредит Свис открива дека вкупното глобално богатство акумулирано од домаќинства пораснало за околу 28,7 милијарди долари во 2020 година, бидејќи централните банки ги преплавија финансиските пазари со ефтини пари, зголемувајќи ги цените на имотот.
Студијата проценила дека на крајот на 2020 година имало 56,1 милионери ширум светот, што е за 5,2 милиони повеќе од претходната година. Околу една третина од новите милионери се од САД. Се смета дека околу 90 проценти од милионерите имале нето вредност од најмалку 5 милиони долари.
Извештајот открива дека најбогатите имале најголема корист заради реакциите на политиката која го зголемила имотот, а поврзаноста меѓу богатите и сиромашните е зголемена во повеќето земји, пренесува Кликс.
Комбинираното богатство меѓу физички лица чиј нето вредност изнесува најмалку 1 милион долари е скоро четирикратно зголемено од 2000 година на 191,6 милијарди долари, додека нивниот удел во глобалното богатство се искачи од 35 на 46 проценти.