ПОВЕЌЕ

    Пандемијата на Ковид-19 ќе го погоди БДП на 170 земји во светот

    Време зa читање: 2 минути

    Околу 170 земји годинава ќе се соочат со намалување на нивниот бруто домашен производ – БДП, оваа година, како резултат на влијанието на новиот вид коронавирус врз економијата, истакна директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

    Пред само неколку месеци предвидовме дека 160 економии ќе бележат позитивен раст на приходот по глава на жител. Пандемијата е криза како ниедна друга“, истакна таа, и додаде дека глобалната криза, која предизвика последователни ефекти врз здравјето и економијата, е посложена и понеизвесна. Перспективата е страшна. Очекуваме глобалната економска активност да се намали на ниво што не сме го виделе уште од Големата депресија.

    Осврнувајќи се на чекорите кои ги преземаат земјите за справување со вирусот, шефицата на ММФ рече: „Досега фискалните мерки достигнаа околу 8 билиони долари, а централните банки презедоа големи „инјекции“ за ликвидност.“

    Таа додаде дека ММФ го има зголемено својот капацитет за заеми, со цел брзо обезбедување финансиски ресурси за своите членки.

    Вирусот Ковид-19, откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан изминатиот декември, се прошири во речиси 200 земји и региони во светот. Европа и Соединетите Американски Држави (САД) се најтешко погодените региони.

    Во светот има над 2,4 милиони заразени со вирусот и над 170.000 смртни случаи. Повеќе од 647.000 луѓе се излекувани, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично