Богатството на најбогатите во Јапонија се зголеми за скоро 50 проценти во текот на минатата година, и покрај пандемијата Ковид-19, објави списанието „Форбс Еиша“.
Нето богатството на 50-те најбогати луѓе во Јапонија се зголеми за 48 проценти на 249 милијарди долари во споредба со претходната година, благодарение на закрепнувањето на извозот, како и скокот на индексот на акциите на Најки, кој се зголеми за 54 проценти во споредба со година порано, јавува јапонската агенција Кјодо.
Богатството на секој од 50-те најбогати за прв пат надмина милијарда долари, според ранг-листата на тоа списание за 2021 година.
На врвот на листата според богатството е претседателот и извршен директор на јапонската SoftBank група, Масајоши Сон.