ПОВЕЌЕ

    Пандемијата го засили онлајн состанувањето на лицата кои се „сингл“

    Време зa читање: 2 минути

    Компанијата „Меч Груп“ која ги поседува апликациите „Тиндер“, „Меч“, „ОкКупид“ и „Пленти оф Фиш“,објави голема добивка во профит и приходи во вториот квартал,

    Пандемијата на Ковид 19, затвори многу традиционални начини за состанување на лицата кои се „сингл“, но еквивалентот на Интернет е отворен и очигледно просперитетен.

    И покрај пандемијата, нашите трендови за корисниците и нивната подготвеност да платат за нашите производи се зголемуваат, докажувајќи го она што отсекогаш сме го знаеле: Нашите производи задоволуваат многу критична човечки потреба“, рече извршниот директор Шар Дебеј.

    Тој додаде дека сите новитети и платформи кои ги вовеле, како состаноци „лице в лице“, вродуваат со резултати и се зголеува бројот на нивни корисници.

    Компанијата објави профит од втор квартал од 103,1 милион долари или зголемување на заработката од 45 центи по акција од приход од 498 милиони американски долари пред една година, подобро од она што се очекуваше пред три месеци.

    Оваа компанија во континуитет истакнува дека со развојот на технологијата ќе продолжат со воведување на нови алатки за отстранување на лажните и опасните профили.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично