ПОВЕЌЕ

    Расте пазарот на паметни часовници

    Време зa читање: 2 минути

    Пазарот на паметни часовници порасна за цели 20% во првата половина на 2020 година. Најголем удел за ваквите резултати имаа „Huawei“, „Garmin“ и „Apple“, кои исто така се лидери во овој пазарен сегмент.

    Пазарот за паметни часовници продолжи да расте во првите 6 месеци од оваа година, и покрај пандемијата. Трите имиња кои се етаблираа на самиот врв се „Apple“, „Garmin“ i „Huawei“ што значи дека имаме промена во споредба со претходната година, кога „Samsung“ беше на второто место.  Сега „Samsung“ падна од второто на четвртото место на списокот на производители на паметни часовници, покажуваат податоците на компанијата Counterpoint Research.

    Раст од 20% во пракса значи дека биле испорачани околу 42 милиони уреди во првите шест месеци од оваа година. „Apple“ сè уште е лидер на пазарот и не само што води, туку и успева да го зголеми својот удел на дури 51,4% од 43,2% во истиот период минатата година. „Garmin“ се искачи на втората позиција и во моментов држи 9,4% од пазарот. „Huawei“ ја направи најголемата промена на годишно ниво, со зголемување на сопствените испораки за цели 57%!

    Тоа беше доволно за 8,5% од вкупниот пазар на паметни часовници, односно позицијата број 3 на листата на најголеми имиња на овој пазар. Најголем пад, како што напоменавме е регистриран кај „Samsung“.

    Производителите кои постигнаа добри резултати во претходниот период се „Amazfit“, „Fitbit“ i „Fossil“. Гледано пазарно, најголем раст на паметните часовници е забележан во Индија, каде што годишниот раст беше дури 57%. Европа и Соединетите држави исто така забележаа раст од 9% и 5%, соодветно, што е мало изненадување заради пандемијата „Ковид-19“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично