ПОВЕЌЕ

    Цените на нафтата паднаа поради зголемениот број на заразени со Ковид-19

    Време зa читање: 2 минути

    Цените на нафтата паднаа во понеделникот поради подолги блокади и ограничувања поради зголемените случаи на инфекции низ целиот свет, пренесуваат светските медиуми.

    Со нафтата брент се тргуваше по цена од 55,25 долари за барел, што е за 0,29 проценти помалку од затворањето во петокот кога цената беше 55,41 долар за барел.

    Цената на Американскиот производител на нафта Западен Тексас интермедијар (WTI) изнесуваше 52,32 американски долари за барел, што е за 0,99 отсто повеќе откако ја заврши претходната сесија на 52,27 долари за барел.

    Регистрирани се над 99,2 милиони случаи на ковид-19 во светот, а пазарите внимателно го следат повторното проширување на бројот на случаи со коронавирус ширум светот, особено во Кина, која се смета за втор по големина светски производител на нафта.

    Во Кина, во понеделникот беа пријавени 124 нови случаи на ковид-19, додека претходниот ден беа регистрирани 80.

    Во меѓувреме, некои европски земји како Велика Британија, Франција и Шпанија се подготвуваат да воведат нови мерки, да ги прошират и заострат блокадите, со цел за да се спречи ширењето на инфекцијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично