ПОВЕЌЕ

    Паѓаат цените на земјоделските производи, најмногу поевтинел зеленчукот – за 16,3 отсто

    Време зa читање: 2 минути

    За една година трошоците за земјоделското производство се зголемиле за 1,7 насто, додека цените на земјоделските производи се намалиле за 3,9 отсто. Податоците од Државниот завод за статистика се однесуваат за регистрираните состојби во ноември.

    Намалувањето на аутпутот е резултат пред сѐ на падот кај растителното производство, каде што цените се пониски за шест отсто. Паралелно со тоа, кај добиточното производство е регистриран раст од 3,1 насто на годишно ниво.

    Индексите покажуваат дека кај растителното производство најизразен пад има кај зеленчукот, чиишто цени се пониски за 16,3 отсто споредено со ланскиот ноември. Намалување е забележано и кај овошјето и грозјето – за 4,1 отсто. Воедно, и вкупниот аутпут е понизок за 3,9 отсто.

    Спротивно на тие движења, одредени категории бележат раст. Цените на индустриските растенија се повисоки за 12,9 проценти, кај компирот растот изнесува 8,7 проценти, а кај житата и оризот е регистрирано зголемување од 5,4 проценти.

    Кај добиточното производство цените се зголемени за 3,1 насто, при што најголем раст има кај добитокот за колење од 8,2 насто. Цените на производите од животинско потекло останале речиси непроменети, со минимален раст од 0,3 насто.

    Од другата страна, производствените трошоци продолжуваат да растат. Во ноември годинава, во споредба со истиот месец лани, цените на тековно потрошените средства во земјоделството (инпут 1) се зголемени за 1,3 насто, а средствата наменети за инвестиции (инпут 2) поскапеле за 5,1 насто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично