ПОВЕЌЕ

    Паѓа Биткоин ама паѓа и богатството на Елон Маск

    Време зa читање: 2 минути

    Пронаоѓачот Eлон Маск е трет на листата најбогати луѓе во светот. Состојбата на Маск се смени на полошо во услови на пад на вредноста на акциите на компанијата „Тесла“ што ја раководи, објави „Блумберг“.

    Како што се наведува, богатството на Маск дојде на 160,6 милијарди долари. Така, Бернар Арно, извршниот директор на францускиот конгломерат ЛВМХ (Луј Витон Мот Хенеси), со богатство од 161 милијарда долари, го надмина во битката за второто место. Првата позиција на списокот ја држи шефот на „Амазон“, Џеф Безос, со 190 милијарди долари.

    Се нагласува дека состојбата на Маск опаѓа во услови на пад на акциите во производителот на електрични автомобили „Тесла“. Според пресметките, капитализацијата на компанијата опадна за речиси 20 отсто последниве два месеци поради недостатокот на залихи на полупроводници, како и на силната конкуренција на производителите на автомобили што штедат гориво.

    Маск во јануари годинава првпат се искачи на врвот на рангирањето на милијардерите на „Блумберг“, бидејќи акциите на Тесла се зголемија за над 750 насто во тековната годината. Во тоа време, богатството на претприемачот се проценуваше на 184 милијарди долари, а подоцна се искачи и на 190 милијарди. На крајот на февруари, тој падна на второто место на листата, веднаш зад Безос.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично