ПОВЕЌЕ

    Мариноски во „Каде се парите?: Падот на извозот во Германија е загрижувачки

    Време зa читање: 2 минути

    Од јануари до септември годинава, во споредба со истиот период лани, извозот во Германија, нашиот клучен трговски партнер е намален за 13,7 отсто. Дополнително, извозот во Европската Унија, каде завршуваат околу 77 отсто од македонските производи, за девет месеци е намален за 7,7 процентни поени. Според Антоније Мариноски од Стопанската комора, кој гостуваше во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ овие бројки се аларм дека треба да се преземат мерки за да се намалат штетите од овој пад на извозот. Тој смета дека во блиска иднина состојбите нема да се подобрат и затоа ќе мора домашните, но и регионалните бизнисмени похрабро да инвестираат во нови, големи и доходовни проекти, а ова да биде потпомогнато од државата, пред се со тоа што Македонија ќе биде брендирана како место каде владее правото и може сигурно да се инвестира.

    „Во рамки на целиот мозаик на Европа, Германија успеа да одржува и се уште не влегле во рецесија меѓутоа нивниот квартал по квартал, според резултатите е на работ на рецесија. Последните резултати што ги експлоатиравте и Вие во вашиот поткаст, претходно со експерти во делот на големите автомобилски компании, паѓање на нарачките, навистина се загрижувачки. Значи во целото тоа милје и неизвесноста на новиот Свет да го наречам, не мора да е мултиполарен, меѓутоа, но барем според америчките избори и очигледната промена што ќе следува, ја прави Европа, според мое мислење, уште понеподготвена. Но, тоа е европската слика…“

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот Јутјуб канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете пари. Ќе ви се појавиме и тие сме.

    Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично