ПОВЕЌЕ

    ПАД НА ДОМАШНИТЕ ТУРИСТИ, но расте бројот на Турците, Холанѓаните, како и туристите од соседството

    Време зa читање: 3 минути

    Македонија има огромен туристички потенцијал, но туристичките капацитети на земјата се далеку од искористени. Иако официјалната статистика покажува дека бројот на туристи расте, туристичките работници велат дека има недостаток на сместувачки капацитети, авионски линии на македонските аеродроми кои се значително помалку споредено со соседните земји, но и автобуски линии. Железнички сообраќај скоро и не постои, а на атрактивните туристички локации нема доволно инфраструктира да примат повеќе туристи.

    Туристите од Холандија, Полска, Турција како и од соседните земји ја посетуваат нашата земја и повеќето се организирани групи туристи од нивните држави, а помалку се индивидуални гости, кои посетата на државата сакаат да си ја организираат сами, во вид на краток престој или пропатување низ државата.

    Според податоците на Државниот завод за статистика, во текот на јули оваа година, бројот на туристи достигнал 204.336 лица, при што се евидентирани повеќе странски туристи отколку домашни. Од вупниот број туристи, 58,2 отсто се странски труисти, додека домашните туристи имало околу 41,8 отсто.

    Сепак, според извештајот, домашните туристи направиле повеќе ноќевања во споредба со странските.

    Во текот на јули биле реализирани 756.831 ноќевања, од кои 70,6 проценти се од домашните туристи, а 29,4 отсто од странските туристи.

    Според статистиката, има раст на бројот на туристите и на бројот на ноќевањата од почетокот на годината до крајот на јули во споредба со истиот период минатата година

    Во првите седум месеци од 2024 година бројот на туристи е зголемен за 8,7 отсто во споредба со истиот период лани при што кај домашните туристи има намалување за 0,5 отсто, а кај странските има зголемување за 13,7 отсто.

    Во првите седум месеци од годинава, пак, бројот на ноќевања е зголемен за 6,1 процент во споредба со истиот период лани. Кај домашните туристи има зголемување за 2,7  проценти, а кај странските има зголемување за 9,7 отсто.

    Според статистиката холандските туристи се сконцентрирани на Охридско – струшкиот дел во период од 5 месеци. Со пакети од 5 и 7 денови на дестинација, сепак не се најбројни, иако остваруваат голем број ноќевања што овозможува мултипликативен ефект и го зголемува девизниот прилив, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Со почнување на чартер линиите од Холандија и Велика Британија ќе се зголемат и бројот на туристи и остварени ноќевања.

    -Турските туристи се кумулативни и нивниот број кружни патувања во Македонија за 2024 година се очекува да биде нешто повеќе од 200.000 илјади, но просечниот престој во дестинацијата не е поголем од 1,7 денови. Со ова се создаваат притисок во дестинациите со слаба просечна потрошувачка, но статистички создаваат искривена слика во секторот. Околу 85% од вкупниот број турски туристи се на кружни балкански патувања од февруари до ноември, а Македонија е вметната поради стимулот на субвенционирањето, модел кој неколку пати досега имаше предлог да се измени и подобри – велат од Агенцијата.

    Нашите најголеми туристички центри се главниот град Скопје кој е посетен дванаесет месеци како бизнис и туристички центар и Охрид и Струга каде се нашите најразвиени летни туристички центри.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично