ПОВЕЌЕ

    Доларот останува најважната валута, понатамошниот пад ќе биде ограничен

    Време зa читање: 2 минути

    Иако вредноста на американскиот долар падна за шест проценти од април, поради економската криза предизвикана од пандемијата, велат аналитичарите од „Оксфорд Економикс“ вредностите кои оваа валута ги има се неоправдани, пишува Фајненшл тајмс.

    Некои анализи укажуваат дека падот на вредноста ќе доведе до посериозен пад, сличен на 70-тите или 80-тите години на минатиот век, кога цената на доларот падна за цели 30 проценти, додека други тврдат дека статусот на доларот како главна валута во светските резерви е загрозен.

    Адам Слејтер, главен економист за „Оксфорд Економикс“, рече дека ваквата загриженост е „неоправдана“ и дека понатамошниот пад веројатно ќе биде „ограничен“.

    „Имаше многу промени во вредноста на доларот во последните 20 години, и секој пат кога тоа ќе се случи ги добиваме истите приказни за тоа како ова може да биде крај на доларот. Сепак, ситуацијата на теренот останува иста “, рече Слејтер.

    Според него, настаните од март ја докажаа безбедноста на валутата во периодот на крајна неизвесност, велејќи дека „кога има глобален финансиски стрес и намалување на ризикот, луѓето (го купуваат) доларот“.

    Доларот нема многу ривали, тој е главната валута за плаќање во странство, а исто така сочинува значителен дел од девизните резерви на многу централни банки ширум светот.

    Податоците на Меѓународниот монетарен фонд покажуваат дека учеството на еврото во девизните резерви е околу 20 проценти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично