Социјалната мрежа Мета започна со тестирање на функцијата наречена „Ad Break“. Ќе воведе реклами кои не можат да се прескокнат, со времетраење од три до пет секунди.
„Ad Breaks се нов начин на прикажување реклами на Инстаграм. Понекогаш ќе треба да гледате реклама пред да продолжите да ја гледате содржината“, се вели во описот на оваа функција објаснет од порталот Neowin.
Иако технолошките компании како Мета долго време се потпираат на рекламите како главен извор на приходи, рекламите што е невозможно да се избегнат за многу корисници претставуваат контроверзна „услуга“.
Последните напори на Инстаграм предизвикаа критики на социјалните мрежи како Редит и Х. „Наскоро (задолжителни огласи) ќе пристигнат на сите платформи. Ова ќе ми биде последната капка кога станува збор за Инстаграм. Можев да се справам со еден куп реклами расфрлани низ апликацијата, но задолжителни реклами?“
Функцијата Ad Breaks се чини дека е достапна за мал број корисници во моментов, а Instagram тестира како луѓето реагираат на новиот формат на реклами.
Се уште нема официјална потврда од компанијата кога (или дали) ќе бидат воведени задолжителни огласи на Инстаграм во поголем обем.