Од денес, вторник повторно е отворен реновираниот „Тинекс“ маркет Ѓорче Петров на ул. „Ѓорче Петров“ бр.22. „Тинекс“ маркетот по реновирањето располага со зголемен продажен простор од 570м2 и е конципиран со два влеза за лесна пристапност на потрошувачите.
-Маркетот сега има помодерен изглед со елементи на дрво и уште по пријатна атмосфера за пазарење, а покрај редовните оддели, располага со голема и модерна пиљара каде може да се купи свежо овошје и зеленчук, пекара каде во секое време може да се купи свеж леб и топли бели печива и др., а по реновирањето како новитет отворена е и месарница за продажба на свежо месо и преработки од месо кои секојдневно се доставуваат од погоните за расек на „Тинекс“. Дополнително по реновирањето е отстапен и поголем продажен простор за категоријата органска и здрава храна, се вели во соопштението на Тинекс.
Во маркетот работат вкупно 25 вработени и има 4 наплатни каси за услужување на потрошувачите.
-Целта на „Тинекс“ е да им ги обезбеди најдобрите услови за пазарење на потрошувачите и токму поради тоа постојано се унапредуваат постоечките маркети, појаснуваат од компанијата.
По повод повторното отворање на реновираниот маркет подготвени се ексклузивни акции, големи попусти и промоции, а за членовите на МОЈ ТИНЕКС клубот од 17-ти до 19-ти август ќе се доделуваат 3 x ПОВЕЌЕ поени на износот на направената сметка.