Со големо задоволство Охридска банка АД Скопје Ве известува дека отворен е повикот за Best of South East!
Програмата Најдобар на Југоистокот – Штаермаркише Шпаркасе Групацијата ја реализира секоја година и е наменета за студентите од Република Северна Македонија. Со помош на оваа програма, младите имаат можност да добијат стипендија и да се стекнат со меѓународно академско искуство на еден од најпрестижните универзитети во Австрија, како и работна пракса на која можат да стекнат корисни знаења и искуства потребни за нивниот понатамошен кариерен напредок.
Во продолжение се деталите како може да пристапите кон отворениот конкурс за пријава на Best of South East програмата за 2021/2022година:
Економија и Право
- Програма за пракса на максимум 10 студенти во Штаермеркише Шпаркасе
- Партнер на оваа програма е Универзитетот во Грац (University of Graz)
- Пријавите се отворени до 02.12.2020 година
- Подетални информации на следниот линк
Технички Факултет
- Програма за пракса на максимум 2 студенти
- Партнер на оваа програма е Техничкиот факултет од Грац
- Пријавите се отворени до 01.12.2020 годинa
- Подетални информации на следниот линк
Геологија/Металургија
- Програма за пракса на максимум 2 студенти
- Пријавите се отворени до 21.12.2020 година
- Подетални информации на следниот линк
Музичка академија
- Програма за пракса на максимум 2 студенти
- Партнер на оваа програма е Универзитетот за музичка уметност при Грац
- Пријавите се отворени до 15.03.2020 година
- Подетални информации на следниот линк
И покрај ситуацијата со пандемијата на КОВИД-19, превземени се сите мерки за заштита и сигурност за време на престојот на учесниците, како во Универзитетите, така и во Банкарските институции.
Прифатете го предизвикот и апликацирајте! Едукацијата е најмоќното оружје со кое можете да го промените светот!