ПОВЕЌЕ

    Откупени долгови од 15 милиони евра, 3.898 граѓани излегле од должничкиот круг – Успешна година за ЕОС Матрикс

    Време зa читање: 3 минути

    Туѓи долгови во износ од 15 милиони евра годинава се преземени од страна на ЕОС Матрикс , компанијата која откупува побарувања, а потоа работи на нивната наплата. Меѓу нив се и две големи портфолија во вредност од речиси 14 милиони евра, што им припаѓале на две банки. Во областа на наплатата имаат зголемување за 56 насто споредено со лани. Од кругот на задолженоста излегле 3.898 граѓани, што е за 52,44 насто повеќе од претходно. Оваа 2025 година за нив претставува пресвртница, затоа што се постигнати историски најдобрите резултати.

    „Успеавме да ги преземеме двете најголеми портфолија на нефункционални пласмани кои било кога биле понудени на нашиот пазар. Вложивме многу пари, но од друга страна тоа ветува подолгорочна стратегија на која може да сметаме во наредниот период. Во нашето портфолио веќе имаме 150 илјади преземени предмети на кои активно работиме и над 20 проценти се целосно платени побарувања. Тоа е доказ за нашата заложба дека се трудиме што побрзо да ги реинтегрираме нашите корисници назад во економскиот циклус“, нагласи главниот извршен директор на EOS Матрикс Македонија и EOS Косово, Катерина Бошевска.

    Меѓу постигнатите резултати од реализираните активности го посочува и бројот на уплатите, кој е скоро удвоен. Конкретно, бројноста е за рекордни 98,6 насто повисока во однос на претходната година.

    „Бројот на уплати е двојно поголем од апсолутниот износ на плаќањата, што е одраз на куповната моќ, односно на финансиската сила на населението. Позитивно е тоа што се затвора циклусот и луѓето повторно се враќаат назад во економскиот систем“, вели Бошевска.

    Смета дека постигнувањата се должат на востановената платформа MyEOS. Граѓаните веќе ги препознаваат и имаат поголема комуникација и соработка.

    „Во економскиот циклус, според нашата пресметка, вратени се приближно 10 милиони евра, и тоа по основ на сите наши услуги. Не зборувам само за преземените побарувања, туку и за наплатата, за меѓународната наплата… Сме придонеле за воспоставување рамнотежа во тој должничко-доверителен однос. Инвестиравме 15 милиони евра на овој пазар само во 2025, со што вкупната инвестиција на нашиот пазар достигна 30 милиони евра. И годинашните инвестиции се двојно поголеми од ланските“, наведе Бошеска.

    Воедно, таа потенцира дека забележувааат девијации во задолженоста, не само во банкарскиот сектор, туку и во микрофинансиските институции:

    „Од таа причина, поголем фокус во 2026 година ќе ставиме на тој пазар, иако Групацијата го гледа за високоризичен и некако не ни е во радарот на интерес. Правам напори да им објаснам дека кај нас е тоа реалност и дека мора да работиме на тој дел. Задолженоста кај микрофинансиските институции е лошо на долг рок, не само поради презадолженоста на населението, туку и за самиот банкарски систем, затоа што се губи потенцијалната маса на клиенти“.

    Во овој сегмент, нагласи Бошеска, недостига европската регулатива. Во сите европски земји, па и во регионот, микрофинансиските друштва се во надлежност на централните банки. Само кај нас се под Министерството за финансии, кое со сите надлежности што ги има, нема капацитет и за микрофинансиските институции, попознати како „продавници за пари“, каде што се обезбедуваат брзи кредити.

    „Потребно е да постојат и микрофинансиски друштва преку кои може за многу кус период да се дојде до пари, но мора да работиме на регулативата што кај нас е застарена и да ја примениме европската регулатива“, децидна е Бошевска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично