Замислете дека можете моментално да влезете во кој било свет – од динамичните улици на Њујорк до снежните врвови на Алпите. Овие светови повеќе не се само места за набљудување од далечина. Сега можат да се истражуваат и да се комуницира со нив само преку поглед, гестикулација или вашиот глас.
Она што некогаш изгледаше како научна фантастика сега станува реалност, бидејќи продолжената реалност (XR) го трансформира начинот на кој се поврзуваме со светот околу нас.
XR е поим кој опфаќа технологии што користат дигитални елементи за да ја прошират или изменат реалноста, спојувајќи ги физичкиот и дигиталниот свет. Ова вклучува виртуелна реалност (VR), проширена реалност (AR), мешана реалност (MR), како и други слични технологии кои се сè уште во развој. XR нуди бескрајни можности, создавајќи динамичен просторен канвас каде што видот, звукот и движењата на корисниците се спојуваат за интеракција со надворешниот свет. Свет што ќе отвори невидени искуства во клучните аспекти на животот, од работата и учењето до забавата, игри, па дури и здравјето и благосостојбата.
Секогаш го ставаме корисничкото искуство во срцето на нашите иновации. Наша одговорност е да донесеме најдобра можна технологија и искуство за корисниците, а тоа го демонстриравме со воведувањето и демократизацијата на Galaxy AI. Како лидери во мобилната AI технологија, веруваме дека сега е моментот да го отклучиме потенцијалот на XR. Со моќта на мултимодалната технологија, нашата XR овозможува најприродни и најинтуитивни интеракции со светот. Поддржана од поширокиот Galaxy екосистем, оваа технологија ќе го унапреди и трансформира вашиот секојдневен живот и тоа на начин кој само ние можеме да го испорачаме.
Нашата визија ја претвораме во реалност преку отворена соработка со лидери во индустријата како Google и Qualcomm, што резултира со создавање на сосема нова Android XR платформа. Со години работиме рамо до рамо со партнери дизајнирајќи, интегрирајќи и оптимизирајќи технологии, а овој проект е еден од нашите најамбициозни потфати досега.
Обединувајќи ги прогресивните идеи со водечката експертиза во индустријата, создаваме робусна и скалабилна платформа која нуди широк опсег на содржини. Од Galaxy екосистемот и Google апликациите до партнерства со програмери од трети страни, секоја XR интеракција ќе биде збогатена.
Достапна за употреба со слушалки и очила, оваа нова платформа ја користи моќта на Gemini, обединувајќи кориснички интерфејс (UI) базиран на разговори и контекстуално разбирање на светот околу вас. Таа нуди напредни функции кои надминуваат гестикулаци или контролери, користејќи глас и природен разговор за да го подигне искуството. Со овие прецизни и персонализирани интеракции, платформата ќе биде вашиот корисен AI асистент.
Првите слушалки наречени „Project Moohan“ и дизајнирани за Android XR се на пат да го оживеат ова искуство во блиска иднина. Името „Moohan,“ што значи „бесконечност“ на корејски, ја изразува нашата верба во обезбедување на неспоредливи, имерсивни искуства во бесконечен простор. Опремени со најсовремени дисплеи, Passthrough можности и природен мултимодален внес, овие слушалки ќе бидат вашиот просторен канвас за истражување на светот преку Google Maps, за уживање во спортски натпревар на YouTube или за планирање патувања со помош на Gemini. Сето ова доаѓа со лесен, ергономски оптимизиран хардвер дизајниран за максимална удобност при користење.
„XR брзо премина од далечно ветување во опиплива реалност. Веруваме дека има потенцијал да отклучи нови и значајни начини на интеракција со светот, навистина резонирајќи со вашиот секојдневен живот и надминувајќи ги физичките граници,“ изјави Вон-Џун Чои (Won-Joon Choi), извршен потпретседател и раководител за истражување и развој во Mobile eXperience Business. „Возбудени сме што ќе соработуваме со Google за да ја обликуваме иднината на XR, преземајќи го првиот чекор кон тоа со Project Moohan.“
„Се наоѓаме на пресвртна точка за XR, каде што откритијата во мултимодалната вештачка интелигенција овозможуваат природни и интуитивни начини за користење на технологијата во вашето секојдневие,“ изјави Самир Самат (Sameer Samat), претседател на Android Ecosystem, Google. „Возбудени сме што ќе соработуваме со Samsung за изградба на нов екосистем со Android XR, трансформирајќи ја информатиката за секого на уреди од следната генерација, како што се слушалки, очила итн.“
Можностите на XR се бесконечни, а ние штотуку започнавме.
За Samsung Electronics
Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, паметните телефони, носивите уреди, таблетите, апаратите за домаќинство, мрежните системи и меморија, LSI системите, полуспроводниците и LED решенија и обезбедува беспрекорно поврзано искуство низ својот SmartThings екосистем и отворената соработка со партнерите. Најнови вести на Samsung Newsroom: http://news.samsung.com/mk/.