ПОВЕЌЕ

    Поставена опција за откажување донација на апликацијата МојДДВ

    Време зa читање: 2 минути

    Денеска е поставена опцијата со која можете да ја откажете донацијата на апликацијата „Мој ДДВ“, информираа од Управата за јавни приходи.

    -Граѓаните кои сакаат да ја откажат донацијата треба да ја симнат новата верзија на апликацијата Мој ДДВ. Полето „Откажи Донација” се појавува само кај оние корисници на апликацијата „МојДДВ” кои го донирале својот поврат за периодот јануари – март 2020 за справување со COVID-19.

    Според Управата, оваа опција ќе биде достапна на апликацијата  „МојДДВ” до 30 јуни 2020 година, а износот на делот на данокот на додадена вредност на граѓаните кои ја отповикале донацијата ќе се исплати на нивната трансакциска сметка до 30 јули 2020 година.

    Со измени на уредба на граѓаните Владата им овозможи да си го вратат на своите трансакциски сметки по грешка донираниот „Мој ДДВ“ во солидарниот фонд за справување со корона-кризата.

    Голем број граѓани пред да се направи оваа измена реагираа дека по грешка махинално реагирае на опцијата за праѓање на повратот од „Мој ДДВ“ во солидарниот фонд и дека потоа немале можност тоа да го исправат.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично