Третирајте ги Вашите платежни картички како готовина!
За безбедно и сигурно користење на Вашите платежни картички, подготвивме неколку корисни совети.
Совет број 1: КАРТИЧКАТА ЧУВАЈТЕ JA НА СИГУРНО МЕСТО
Чувајте ја картичката во Вашиот паричник и секогаш по Вашето пазарување, проверете дали сте ја вратиле на место. Чувајте ја вон дофат на други лица и не ја споделувајте трансакциската сметка, освен во случаи кога тоа е побарано од одговорните лица на Банката.
Совет број 2: ЗАПОМНЕТЕ ГО ПИН КОДОТ И НЕ ГО СПОДЕЛУВАЈТЕ СО ДРУГИ
Обидете се да го запомните ПИН кодот и осигурајте се комбинацијата на бројките да биде уникатна. Не употребувајте броеви кои го сочинуваат Вашиот датум на раѓање, телефонски број или други лесни комбинации. ПИН кодот треба да го знаете само Вие, не споделувајте го со никого, дури и во случај да биде побарано тоа од Вас.
Совет број 3: ДОКОЛКУ ДОБИЕТЕ СМС ПОРАКА СО НЕПОЗНАТА СОДРЖИНА И ДЕТАЛИ ЗА ТРАНСАКЦИЈА, ВЕДНАШ ПРИЈАВЕТЕ НА 02 / 15 – 600
Доколку добиете СМС порака од испраќач со непозната содржина, со информации за направена трансакција на одредено место, веднаш пријавете на телефонскиот број од контакт центарот на Банката. Не воспоставувајте никаков контакт и не враќајте на пораката.
Совет број 4: НЕ ЈА ДАВАЈТЕ КАРТИЧКАТА ДА ЈА КОРИСТАТ ДРУГИ ЛИЦА
Пристап до Вашата картичка треба да имате исклучиво Вие. Никогаш не дозволувајте Вашата картичка да биде надвор од Ваша сопственост или контрола.
Совет број 5: ВО СЛУЧАЈ НА КРАЖБА ИЛИ ГУБЕЊЕ НА КАРТИЧКАТА ВЕДНАШ ПРИЈАВЕТЕ НА 02 / 15 600
Пријавете ја веднаш изгубената или украдената картичка на телефонскиот број од контакт центарот. Одговорните лица во Банката ќе реагираат навремено со блокирање на Вашата картичка и бројот на сметката. На тој начин ќе се спречи злоупотреба на Вашите средства.
Совет број 6: ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА БАНКОМАТ БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ И СВЕСНИ ЗА ВАШЕТО ОПКРУЖУВАЊЕ
Избегнувајте користење на банкомат во напуштени области кога сте сами, особено навечер. Користете банкомати кои се наоѓаат во Банката или каде што има поголема фреквенција на луѓе. На јавни места, користете банкомати кои се добро осветлени. Не прифаќајте помош од други лица за трансакциите кои ги извршувате на банкоматот. Секогаш избегнувајте прикажување на готовина, а по подигнување на износот не заборавајте да проверите дали истиот одговара со испечатената потврда.
Совет број 7: ВО СЛУЧАЈ НА РЕЗЕРВИРАЊЕ НА СРЕДСТВА ОД ВАШАТА КАРТИЧКА, СЕКОГАШ ТОЧНО ИНФОРМИРАЈТЕ СЕ ЗА ЗАДРЖАНИОТ ИЗНОС И ЗА ВРЕМЕТРАЕЊЕТО НА ЗАДРЖУВАЊЕ НА СРЕДСТВАТА
Пред да ја користите Вашата дебитна картичка за да направите некакви резервации, информирајте се детално дали ќе бидат задржани средства од неа и побарајте информации за точниот износ и колку долго тие ќе бидат резервирани. Ако не сакате Вашите пари да бидат резервирани на подолго време, тогаш одлучете се да користите кредитна картичка.
Совет број 8: НЕ ЈА ДОБЛИЖУВАЈТЕ КАРТИЧКАТА ДО МАГНЕТИ, БИДЕЈЌИ МОЖАТ ДА ГИ ИЗБРИШАТ ПОДАТОЦИТЕ ЗАЧУВАНИ НА МАГНЕТНАТА ЛЕНТА НА КАРТИЧКАТА
Магнетните ленти на кредитните картички содржат важни информации за Вашите финансиски податоци. Доколку ги доближите до магнет, може да дојде до бришење на овие зачувани податоци, а картичката во ваков случај ќе стане бескорисна.