“Се прашуваме ние, а и веројатно многумина кои го пратат овој случај, дали сето ова произлегува од нечие неделување или од високата корупција која како канцер се шири во банкарскиот систем, во сите негови сфери. Како поинаку да се толкуваат информациите кои секојдневно пристигнуваат до Здружението „Правда за штедачи”, во коишто се посочуваат лица, поранешни вработени во банката, кои директно, со години, учествувале во грабежот на депозитите од ограбената Еуростандард банка“, велат од здружението преку соопштение.
Според нив, еден од нив е и Слободан Наумовски од Кавадарци, кој е поранешен директор на филијалата на Еуростандард банка во истиот град. „Врз основа на обична меница како единствено обезбедување за земениот кредит преку неговата фирма Бартон дооел, Слободан Наумовски има земено кредит од 510 илјади евра потпишан и одобрен од Коста Костовски, претседателот на кредитниот одбор за правни и физички лица во Еуростандард банка. За околностите и условите како е земен кредитот, јасно се гледа од графичкиот приказ којшто е составен дел на ова соопштение.
Верувале или не, истиот тој Слободан Наумовски не само што не е казнет за тоа дело, туку тој сега продолжува да работи во друга финансиска институција. Се поставува прашањето, дали е тоа како резултат на корупцијата во банкарскиот систем или пак е јасен показател дека системот поставен како што е, нема можност да спречи вакви лица да слободно ги остваруваат своите криминални цели.Еве што стои понатаму во соопштението: