ПОВЕЌЕ

    Основец од Штип „растура“ средношколска математиката, но МОН го порази

    Време зa читање: 3 минути

    Надарениот Дамјан Давков од Штип, основец, кој го освои второто место во конкуренција на средношколци на Балканската математичка олимпијада во 2019 година, а на Државното првенство по математика беше прв, исто така во конкуренција со ученици од прва година средно образование. Тој сепак нема право на награда од државата.

    Семејството на Дамјан реагира затоа што Министерството за образование и наука не води сметка за оние кои уште од мали нозе покажуваат квалитет и дури го елиминираат од добивањето пропишани награди само поради тоа што тој бил основец.

    „Иронијата да биде поголема, наградата не ја доби ниту второпласираниот средношколец затоа што не бил прв, а првопласираниот поради тоа што бил основец, а не средношколец. Средствата остануваат во министерството, без да се води сметка за стимулација на талентирани млади луѓе“, вели семејството Давков.

    Дамјан Давков, како што велат од неговото ОУ „Ванчо Прќе“ во Штип, е голем талент. Тој уште од четврто одделение учествува на натпревари по математика во конкуренција на ученици кои се и три години постари од него.

    Роднини на талентираниот математичар велат дека немаат намера да поведат спор пред Управниот суд за да добие парична награда која изнесува 50 проценти од просечната плата, туку бараат државата повеќе да ги стимулира младите кои го докажуваат својот квалитет на официјални натпревари што самата ги организира. Тие додаваат дека во Законот за средно образование никаде не пишува дека ученикот мора да биде средно образование за да биде награден.

    Еве што пишува и на фејсбук групата.

    „Се сеќавате ли на штипскиот Питагора, на детето чудо?

    Нашата штипска, македонска гордост што ни ги топлеше срцата со неговите подвизи. Дамјан, уште од најниските одделенија се натпреваруваше со ученици неколку генерации поголеми од него и убедливо со максимален број на поени секогаш беше прв на натпреварите по математика. Иако е осмо одделение, тој се натпреварува со средношколци и таму е убедливо прв со максимален број на поени.

    Најбитното.

    Наместо ваквите чуда од деца, носители на медали од математички олимпијади да ги мотивираме, како би останале во државава, се случува невиден циркус. Имено во решението (видете сликата), на Дамјан не му следува парична награда од причина што е основец, а е државен првак по Математика во конкуренција на средните школи. Да потсетам дека Дамјан сега е осмо одделение.

    Дамјан Давитков, ти си нашата гордост“, стои во постот на оваа фејсбук група.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично