ПОВЕЌЕ

    Основни правила за започнување на бизнис

    Време зa читање: 2 минути

    Се чини дека никогаш не е „вистинско“ време да започнете бизнис, честопати мора да направите голем скок, дури и кога не се осеќате спремни. Ако размислувате да скокате, еве неколку клучни точки за започнување на сопствен бизнис:

    Најдете ја вашата страст

    Да се има страст е првата потребна работа и првиот есенцијален чекор кон градење на свој бизнис. За да можете да туркате во тешките моменти, потребно е да имате оган и страст.

    Верувајте во себе и во вашата идеја

    Ако веќе имате тенденции кон претприемништво, следниот чекор е вашата идеја да ја засновате на практични чекори. Тоа значи спроведување и анализа на:

    • Квантитативни податоци за пазарот
    • Информации за веќе постоечките конкурентни компании
    • Квалитативни податоци од потенцијални клиенти

    Бидете снаодливи

    За да ја продолжите одржливоста на вашата идеја, време е да се фокусирате на финансирањето. Освен ако не сте независно богати со голема резерва на готовина која ви е наменета за деловни потфати, ќе треба да соберете пари. Постојат повеќе пристапи.

    Многу луѓе се потпираат на кредитни картички за нивните дневни трошоци за живот додека користат заштеда за финансирање на бизнисот.

    Постојат добри и лоши страни со овие пристапи. Некои сопственици на деловни активности ги ставаат своите домови под хипотека. Други користат кредитни картички за лансирање. Превземањето на хипотека нуди пониски каматни стапки во однос на кредитните картички. Инаку, користењето кредитни картички ја штити вашата инвестиција во вашиот дом.

    Слушајте го вашиот клиент

    Во раните фази на започнување бизнис, иако е важно да имате страст кон вашите идеи, подеднакво е важно да го слушате пазарот и да разоткривате се што е потребно.

    Некои од вашите најдобри, најуникатни карактеристики ќе произлезат од слушање на клиентите. Ништо неможе да ги замени вистинските податоци за клиентите за подобро на донесувате на одлуки.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично