Жените во бизнисот можат да ја подобрат економската состојба во Македонија, доколку максимално се искористи нивиот потенцијал. За поттик на женското претприемништво многу се зборува, но и се делува изминативе години, па сепак, последните лански податоци велат дека во домашната деловна заедница, само околу триесеттина проценти се жени. Односно, толку ги има како сопственички на бизниси. Повеќето се во микро и во малите претпријатија, а незначителна е нивната бројка во големите фирми.
За работите да тргнат со позасилено темпо, потребна е едукација, институционална помош, препознавање на добрите практики… Во тие рамки и придонесот на Халкбанк, овој пат со организираното HalkMatinèe. На првата забава од овој вид собра стотици лица кои сметаат дека женското претприемништво треба да се развива и стимулира, како здрав чекор до финансиска независност и рамноправност.
Дека причини за безрезервна поддршка има многу, се потврди и низ инспиративниот разговор со три успешни претприемачки. Своите искуства, сочинети од предизвици и успеси како дел од водењето на бизнисите, ги споделија Јана Клопчевска, Александра Бела Белчева и Ивона Трајановска.
За претприемачките Халк банка има промотивен пакет, а редизајнирани се и бизнис-картичките за жени Mastercard.
Интервентниот фонд на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, пак, ќе се надополни со средствата собрани од креациите од втората едиција на „Фустани со џебови“. Или, од продажбата на уникатните фустани создадени од модните креаторки Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Наталија Терзија и од креаторот Марјан Бебекоски.
Активности како оваа на Халк банка им се потребни и на жените и на македонската економија.