ПОВЕЌЕ

    Организирана владина расправа за одблокирање на потпишувањето на договорот со Светска Банка од 90 милиони евра

    Време зa читање: 3 минути

    Владата на денешната 64-та седница, со цел да се одблокира потпишувањето на договорот со Светска Банка за поволен заем во висина од 90 милиони евра од страна на дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, организираше расправа на која како гостин учествуваше и претставничката на нашата земја во Светска Банка Нина Фити-Неделковска, која објасни дека одолговлекувањето на потпишувањето на договорот ја става во ризик долгодишната соработка меѓу банката и нашата земја, особено во делот на исклучително доброто искуство во финансиската поддршка на социјалните и општествено одговорните политики во последните неколку години.

    Аргументите изнесени на седницата, како и исклучителниот јавен интерес за потпишување на овој поволен аранжман со Светската Банка, според кој средствата во висина од 90 милиони евра се наменети за зајакнување на капацитетите на здравството за справување со КОВИД-19, за набавка на медицинска опрема, за финансирање на придонесите за здравствено осигурување за невработените и за ранливите групи, за финансирање на привремената поддршка за невработените со обезбедување паричен надоместок за оние што ги изгубиле работните места во кризата, за привремената социјална помош на посиромашните граѓани кои пред кризата не ги исполнувале условите, како и за поддршка за работниците што биле одјавени од нивните работодавачи и кои добиваат надоместоците од осигурување во случај на невработеност, не беа доволни за дополнителната заменик-министерка за финансии Димитриеска-Кочовска, соопштуваат од владината прес-служба.

    Со оваа своја постапка, се поочува во владиното соопштение, да одбие да го потпише договорот за заемот од Светска Банка, беше истакнато на седницата, дополнителната заменик-министерка за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ги доведува во сериозен ризик реализацијата на овие иницијативи за зајакнување на здравството и за поддршката на социјално ранливите категории граѓани, сега посебно погодени од кризата, и во таа насока е донесен заклучок да биде побарано мислење од Државната изборна комисија за оваа опструкција во работењето на Владата од аспект на членовите од Законот за Влада кои се однесуваат на изборот и на работењето на техничката, односно преодната влада.

    Исто така, на денешната владина седница беше разгледана и усвоена Информацијата за ставање во функција на веб-страница за електронски донации solidarnost.gov.mk, која е донација на Меѓународниот републикански институт во нашата земја (IRI) со која се овозможува донирање на финансиски средства со платежна картичка преку виртуелен ПОС терминал од страна на физички и правни лица во Фондот за помош и поддршка за справување со економско-здравствената криза предизвикана од коронавирусот КОВИД-19 при Генералниот Секретаријат на Владата на Република Северна Македонија и на посебната сметка за донации на Министерството за здравство.

    Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

    Дознај кои се 100-те најголеми компании по приходи во Македонија,  –> топ 100 најголеми ]

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично