ПОВЕЌЕ

    Опфолио Инвестиции: Прогресивен и Паричен фонд како нови можности за инвестирање

    Време зa читање: 2 минути

    Опфолио Прогресивен и Опфолио Паричен сe двата отворени инвестициски фондови што ги организира Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови Опфолио Инвестиции. Одобрение е дадено од Комисијата за хартии од вредност.

    Опфолио прогресивен фонд е наменет за вложувачи со инвестициски хоризонт на долг рок и повисок степен на толеранција кон ризикот. Се посочува дека како инвеститори може да се јават домашни и странски правни и физички лица. Временскиот период препорачлив за вложување е пет години. Согласно проспектот, инвеститорите имаат избор помеѓу два вида на уплати –  оптимален и инвестициски план.

    Средствата на Фондот, како што се наведува, ќе бидат инвестирани во акции – преносливи хартии од вредност на издавачи од земјата и од странство без географски ограничувања (85% – 100%); во инвестициски фондови (0% – 10%); во обврзници (0% – 15%); во депозити (0% – 15%); и пари на сметка (0% – 15%).

    Другиот – Опфолио паричен фонд, е погоден за граѓаните и правните лица – домашни и странски, кои сакаат да инвестираат на пократки патеки и со мал ризик. Инвестициската стратегија е дизајнирана да генерира стабилен и континуиран принос со минимална волатилност на вредноста на уделот, со што се заштитува капиталот од пазарни флуктуации.

    Средствата од овој Фонд ќе бидат инвестирани во: инвестициски фондови (0% – 10%); вложувања во краткорочни и долгорочни должнички хартии од вредност, независно од инвестицискиот рејтинг на издавачот, чие седиште се наоѓа во земја-членка на ЕУ, ОЕЦД или на пазарите во развој. Издавачи на овие финансиски инструменти можат да бидат странски субјекти, вклучувајќи влади, централни банки, компании и финансиски институции (0% – 65%); депозити во овластени банки во Република Северна Македонија (0% – 100%) и пари на сметка (0% – 25%). Депозитарна банка на двата отворени инвестициски фонда е Шпаркасе Банка АД Скопје.

    Опфолио Инвестиции е шестото друштво во земјава кое управува со отворени и затворени инвестициски фондови. Дозволата за работа на ова поле ја доби во мај годинава. Зад него стои, односно има квалификувано учество Друштвото за информатичка технологија, инвестиции и советодавни услуги Опфолио АД Скопје.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично