ПОВЕЌЕ

    OpenAI повторно во клинч со италијанските закони за заштита на приватноста

    Време зa читање: < 1 минутa

    Италијанскиот регулатор за приватност рече дека алатката ChatGPT на OpenAI Inc. и техниките што се користат за собирање податоци на корисниците ги прекршуваат законите за приватност на земјата.

    Откритието, објавено во соопштението во понеделникот, следи по истрагата што властите ја отворија во март минатата година и беше известена до компанијата за вештачка интелигенција.

    Во својата изјава, италијанското тело рече дека „добиените елементи може да укажуваат на едно или повеќе прекршувања на регулативите на ЕУ“. OpenAI има 30 дена да одговори на наодот.

    OpenAI со седиште во Сан Франциско е поддржан од Microsoft Corp., кој заедно со Google на Alphabet Inc. користат вештачка интелигенција за подобрување на нивните производи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично