Опцијата е достапна откако ќе се најават на Интернет банка и ќе ја изберат во менито „Online апликации“. За да се поднесат барањето за кредитна картичка и потребните документи неопходно е барателот да има важечка листа на кодови за плаќање или токен. Во овој дел ќе може да се следи и статусот на поднесеното барање.
Во истото мени, „Online апликации“, отсега ќе може да се врши и рекламација за трансакција со картичка само со поднесување на потребните податоци за трансакцијата.
Искористете ги привилегиите што ви ги нуди Интернет банка на Комерцијална банка и чувајте го вашето и здравјето на другите.