ПОВЕЌЕ

    ОКТА: Димитриос Пасхос главен извршен директор, Вук Радовиќ претседател на Одборот на директори

    Време зa читање: 2 минути

    Одборот на директори на ОКТА АД – Скопје го назначи Димитриос Пасхос за нов вршител на должност извршен член на Одборот и главен извршен директор на компанијата. На таа функција досега беше Вук Радовиќ, кој е именуван за претседател на ОД. Воедно, воведена е нова позиција – заменик претседател на ова тело, која е доделена на Василиос Багиокос, неизвршен и независен член на Одборот.

    Димитриос Пасхос е магистер по меѓународни финансии, кој одлично ја познава компанијата и состојбите на домашниот и на глобалните енергетски пазари. Особено што од јули 2019 година се наоѓа на должноста директор на финансии и администрација на ОКТА. Па, се до именувањето нов директор на таа позиција, Пасхос ќе продолжи да ја извршува и оваа функција, информираат од компанијата.

    Радовиќ, пак, од почетокот на 2020 година успешно ја извршуваше функцијата главен извршен директор на ОКТА.

    Дополнително, Одборот на директори избра тројца вршители на должноста членови на ОД: Дионисиос Роутсис, неизвршен член, Димитриос Пасхос, извршен член и главен извршен директор, како и Тхеодора Петроула, неизвршен и независен член.

    Овие одлуки на Одборот на директори се со важност од 24 јули.

    Димитриос Пасхос – Вршител на должност извршен член на Одборот на директори и главен извршен директор на ОКТА АД – Скопје

    Вук Радовиќ – Претседател на Одборот на директори на ОКТА АД – Скопје

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично