ПОВЕЌЕ

    Охридски „Метропол“ со сезонска загуба од 278 илјади евра

    Време зa читање: 2 минути

    Од јануари до март Хотели-Метропол АД Охрид забележа минус во финансискиот резултат. И покрај тоа што има намалување на трошоците, сепак клучно е потфрлувањето кај приходите, па оттука и загубата од 17.192 илјади денари, односно 278,7 илјади евра.

    Приходите од работењето изнесуваат 94 илјади евра (5.802 илјади денари) и споредено со ланските постигнувања намалени се за 18,5 отсто.

    Во ова, најголемиот дел е прилив од основната дејност – 89,6 илјади евра (5.529 илјади денари), при што овде има пад од 20 проценти. Зголемување има кај останатите и кај финансиските приходи.

    Расходите од работењето во износ од 375 илајди евра (23.132 илјади денари), се намалени за седум отсто во однос на споредбениот приод од лани. Најголемо учество со 51,6 проценти имаат трошоците за вработените – 193,7 илјади евра (11.948 илјади денари), каде што растот е за 16 насто. Трошоците за суровини и материјали се значајна ставка со 16,7 отсто, а финансиските расходи бележат намалување во однос на истиот лански период за 45 проценти.

    Од охридски „Метропол“ наведуваат дека со оглед на сезонскиот карактер на дејноста негативниот финансиски резултат е во нормални рамки, особено доколку се гледа во контекст на последните 10 години. Со отворањето на главната туристичка сезона се проектира остварувањата од негативна да преминат во позитивна фаза.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично