Владата креираше наменска веб страница www.kupuvamdomasno.gov.mk каде ќе може клиентите да направат проверка во која банка се распределени, односно од која банка ќе им биде издадена домашната платежна картичка.
Важни аспекти на процесот на издавање на домашни платежни картички од Охридска банка АД Скопје
Клиентите кои се распределени платежната картичка да ја подигнат од Охридска банка, потребно е да го имаат во предвид следното:
- издавањето на картичките ќе се врши преку мрежата на експозитури на Банката
- клиентите треба да се информираат во Банката од која експозитура треба да ја подигнат својата платежна картичка
- информацијата од каде треба да ја подигнат картичката може да ја добијат на телефонскиот број на Контакт центарот на Банката 02 15 050, или пак во некоја од експозитурите на Банката
- постојните клиенти на Банката, новата картичка ќе може да ја подигнат во својата матична експозитура
- клиентите на кои Банката им отвори трансакциска сметка за оваа намена, информацијата за местото на подигнување на картичката може да ја добијат на телефонскиот број на Контакт центарот на Банката 02 15 050
Сите дополнитени информации поврзани со издавањето на домашната платежна картичка, клиентите може да ги добијат на 02 15 050, или во експозитурите ширум земјата.
Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.