ПОВЕЌЕ

    Огромен пад на приходите на нафтените компании 

    Време зa читање: 2 минути

    Бритиш Петролеум објави оваа недела дека има загуба од 5,7 милијарди долари.

    Пандемијата на вирусот остави длабоки лузни во глобалната индустрија за нафта и гас, што деновиве го потврдија финансиските извештаи на водечките нафтени компании за 2020 година, кои зборуваат за катастрофален пад на приходите, профитот и загубите.

    Англо-холандскиот нафтен гигант Royal Dutch Shell објави дека прилагодената заработка на компанијата е 4,85 милијарди долари во текот на целата 2020 година, што е за 71 процент помалку од 16,5 милијарди долари во 2019 година.

    Во последниот квартал од минатата година, прилагодената добивка на компанијата падна за 87 проценти на годишно ниво, до 393 милиони долари. Финансискиот резултат на „Шел“ не е толку лош во однос на конкурентите како што се американските „Ексон мобајл“ и „Шеврон“ и британската „Бритиш петролеум“.

    Тие пријавија големи загуби како резултат на продолжениот пад на побарувачката на енергија за време на мерките за заклучување, воведени низ целиот свет заради пандемијата.

    Акциите на Шел забележаа занемарлива негативна корекција вчера утрото, додека потонаа минатата година, допирајќи го најниското ниво во повеќе од една четвртина век на 28 октомври, од 878,1 пени.

    Оттогаш се опоравија, но се уште се 40 проценти под вредноста што ја имаа кон крајот на 2019 година, пред ковид-19 да се појави на нафтените пазари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично