УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:
Раководител на Експозитура – Скопје
Кандидатот потребно е да ги има следните квaлификации:
- Високо стручно образование;
- Работно искуство од најмалку 3 години – банки и финансиски институции ќе имаат приоритет во изборот;
- Одлично познавање на пазарните прилики;
- Познавање на англиски јазик;
- Одлично познавање на Microsoft Office;
- Возачка дозвола Б категорија.
Избраниот кандидат треба да поседува:
- Менаџерски и лидерски способности;
- Силни преговарачки способности и страст за продажба и работа со клиенти;
- Подготвеност за преземање одговорност и иницијатива и способност за брзо реагирање;
- Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;
- Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, способност за тимска работа;
- Способност за самостојно носење одлуки и расчистување на проблематични ситуации;
- Висока мотивираност за остварување на зададените цели;
- Да извршува сложени работни активности во кратки временски рокови, а по потреба со продолжено работно време.
Од кандидатот се очeкува:
- Да ја организира, координира, раководи, контролира и дава иницијативи за унапредување на работата во експозитурата;
- Да се грижи и предлага можности за зголемување на профитот во експозитурата каде што е претпоставен;
- Одговара за генерирање на побарувачка за кредити и одржување на тековното кредитно портфолио, како и за успешна дистрибуција на останатите банкарски производи и услуги;
- Активно учествува во аквизиција на клиенти, иницира состаноци со клиенти и гради продажна и претприемачка култура во експозитурата и придонесува во носењето на квалитетни кредитни одлуки;
- Ја претставува експозитурата на позитивен и професионален начин на локално ниво и е одговорен за локалниот имиџ на Банката;
- Одговара за исполнувањето на бизнис целите и финансиските резултати на работењето на експозитурата.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови, потребно е да испратат кратка биографија на македонски јазик и мотивационо писмо на [email protected], или на адреса: Максим Горки бр. 6, 1000 Скопје, најдоцна до 05.12.2020 година.