ТТК Банка АД Скопје објавува:
ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА СЛЕДНОТО РАБОТНО МЕСТО
БРОКЕР
(1 извршител со договор на определено време, со можност за продолжување)
Потребни квалификации и способности
(услови што се бараат за вршење на работата):
- Завршено високо образование од областа на економијата, финансиите или деловното право;
- Дозвола за работа на брокер (предност е поседување и дозвола за работа за инвестиционен советник). Работно искуство во струката исто така ќе се смета за предност;
- Познавање на законската и на подзаконската регулатива од областа на работа со хартии од вредност;
- Познавање англиски јазик и работа со компјутери;
- Аналитичност, иницијативност, самостојност, ажурност, навременост;
- Способност за тимска работа;
- Комуникациски и организациски вештини;
- Способност за идентификација на проблеми;
- Професионално однесување;
- Пожелно е кандидатот да поседува возачка дозвола „Б“ категорија.
Краток опис на работното место:
- Тргување со хартии од вредност по налог и за сметка на клиенти и по налог и за сметка на Банката;
- Работење со апликацијата на ЦДХВ – резервирање хартии од вредност и вршење нетрговски трансфер;
- Анализа на финансискиот пазар и на потенцијалните клиенти.
Работно време:
40-часовно неделно работно време, од понеделник до петок, од 8:00 до 16:00 часот.
Локација на работното место:
Скопје, Централа на Банката
Загарантирана почетна нето–плата:
Минимална: 25.000,00 денари
Максимална: ќе биде предмет на договор во зависност од искуството на избраниот кандидат
Останати информации:
Рокот во кој ќе биде извршен изборот ќе биде 45, 90 или 120 дена по истекот на рокот за пријавување, а во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените услови треба да испратат кратка биографија (CV) и мотивациско писмо, копија од уверение за завршено образование и копија од дозвола за работа на брокер и/или копија од дозвола за работење за инвестиционен советник, најдоцна до 15.1.2021 година, со назнака: „Апликација за брокер“ на следната адреса за е-пошта: [email protected] или во тврда копија на адреса: ТТК Банка АД Скопје, ул. „Народен Фронт“ бр. 19а, 1000 Скопје.
Ќе бидат контактирани кандидатите кои ќе влезат во потесен круг.