ПОВЕЌЕ

    Оглас за вработување во КБ Прво пензиско друштво АД Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    КБ Прво пензиско друштво АД Скопје – лидер на пазарот на пензиското осигурување во Република Северна Македонија, препознатливо по своите етички принципи, висока стручност, професионалност и транспарентност во работењето, има потреба од вработување на едно лице – стручен соработник за продажба за регионот Битола.

    Работниот однос се основа на определено работно време од 6 месеци, со можност за негово продолжување.

    Работното време е од 8 до 16 часот (40 работни часа), секој работен ден од понеделник до петок.

    Висината на платата е предмет на договор.

    Опис на работните обврски:

    • Маркетинг и продажба на задолжително и доброволно пензиско осигурување и претставување на задолжителното и доброволното пензиско осигурување и на Друштвото на терен;
    • Контактирање на потенцијални клиенти и закажување состаноци;
    • Склучување договори за членство, професионални пензиски шеми и договори за исплата на средства;
    • Одржување на долгорочна релација со своите членови и постојана грижа за нив;
    • Известување и подготовка на извештаи согласно барањата и потребите на Друштвото за сите продажни активности.

    Потребни квалификации:

    • Завршено минимум средно образование;
    • Да поседува возачка дозвола Б категорија.

    За вршење работи од областа на маркетингот за пензиските фондови, потребна е лиценца што ја издава Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС, за што кандидатите треба да полагаат испит за агент за вршење работи на маркетинг и продажба на задолжително и доброволно капитално пензиско осигурување. Кандидатите кои ќе бидат избрани, Друштвото дополнително ќе ги информира за начинот и условите за полагање испит за агент и стекнување лиценца.

    Друштвото нуди флексибилна и пријатна работна средина, како и можност за дополнителна обука и професионална надградба.

    Доколку сте подготвени да ја креирате иднината денес, притоа поседувате комуникациски способности, позитивен пристап кон работата и самоиницијативност, КБ Прво пензиско друштво АД Скопје Ве охрабруваме да се приклучите на нивниот тим.

    Вашата биографија испратете ја на: [email protected], најдоцна до 10.10.2020 година.

    Огласот ќе биде активен 20 дена од датумот на објавување.

    Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју. Друштвото го задржува правото да не ангажира ниту еден кандидат од пријавените на конкурсот.

    За дополнителни прашања, можете да стапите во директен контакт со КБ Прво пензиско друштво: [email protected] или на тел. 02 / 3243–777.

    Лице за контакт: Стела Бојаџиев

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично