Охридска банка АД Скопје објавува оглас за вработување на:
Редари во Експозитури
Локација: Скопје; Охрид; Струга; Ресен; Тетовo; Гостивар; Кичево; Куманово;
Велес; Штип; Кочани; Струмица; Битола; Прилеп; Кавадарци; Гевгелија
Опис на работниот ангажман:
Лицата кои ќе бидат ангажирани како редари во Експозитурите на Охридска Банка АД Скопје на територијата на целата држава кадешто банката има експозитури ќе имаат за цел:
- да го контролираат оптималниот број на присутни клиенти во рамки на експозитуратa;
- да ја организираат фреквенцијата на влез/излез на клиентите;
- да го контролираат пропишаното одржување на растојание како во рамки на експозитурата, така и пред самата експозитура согласно мерките пропишани од Владата на Р.С. Македонија кои се однесуваат за превенција од вирусот Ковид – 19.
Потребни квалификации:
- Со или без работно искуство;
- Одговорна и посветена личност;
- Можност за старт на работниот ангажман во најкус можен рок.
Кандидатите кои ќе бидат селектирани ќе бидат со работен ангажман на определено време.
Сите заинтересираните кандидати потребно е да испратат Професионална биографија (CV), најдоцна до 11.05.2020 година на: [email protected] со задолжителна назнака “Редар за Експозитура ____________ “
*во празниот дел да се наведе градот за кој аплицирате.
Со испраќање на Вашата апликација давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од Банката во рок од една година.
Напомена:
Апликациите без назнака нема да бидат разгледувани. Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани за интервју.