ПОВЕЌЕ

    Оглас за вработување во УНИБанка АД Скопје

    Време зa читање: 2 минути

    Порталот Vrabotuvanje.com.mk во име на клиентот УНИБанка АД Скопје објавува Оглас за вработување на 1 (еден) извршител на следнава работна позиција:

    Ревизор во Дирекција Внатрешна ревизија

    Потребни квалификации:

    • Универзитетска диплома во релевантна област (Ревизија, Сметководство, Финансии или еквивалентна област)
    • Најмалку 3 години релевантно работно искуство во областите на внатрешна ревизија/надворешна ревизија/управување со ризици/банкарство/сметководство и финансии; Професионално искуство во внатрешна ревизија во банкарскиот сектор ќе се смета како предност
    • Одлично познавање на Деловните банкарски технологии и процеси, како и на законската регулатива и управувањето со ризици, релевантни за банкарскиот сектор
    • Одлични способности за тимска работа, комуникација и меѓучовечки односи
    • Одлични аналитички способности и способност за писмено известување
    • Способност за самостојно планирање, организирање и навремено исполнување на задачите
    • Одлично познавање (вербално и писмено) на англиски јазик, како и напредно користење на MS Office

    Одговорност и задачи:

    • Имплементација на стручни стандарди и начела на внатрешната ревизија, согласно Меѓународните стандарди за професионално практикување на внатрешната ревизија и интерните акти на Дирекцијата за внатрешна ревизија
    • Оцена на клучните ризици во работењето на Банката
    • Подготовка на ревизорски програми и спроведување на редовни/планирани, вонредни и ненајавени ревизорски прегледи на работењето на Банката
    • Изработување на извештаи за спроведените ревизорски прегледи, во согласност со интерните акти на Дирекцијата за внатрешна ревизија
    • Оцена на усогласеноста на работењето на Банката со законската регулатива и интерните акти на Банката
    • Оцена на ефикасноста и ефективноста на воспоставените интерни контроли и адекватноста на системите за управување со ризици на ревидираните подрачја
    • Дефинирање на ревизорски препораки со цел подобрување на системите на внатрешна контрола и управувањето со ризици
    • Следење и известување за статусот на реализација на ревизорските препораки
    • Изработување на известувања од областа на Внатрешната ревизија за потребите на надлежните органи во Банката и регулаторите

    Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, потребно е да испратат кратка биографија преку полето Брза Апликација.најдоцна до 15.01.2021 година

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично