ПОВЕЌЕ

    Официјално и од Стопанска банка Битола – се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Се разгледува можноста за присоединување кон Комерцијална банка, официјално објавија и од Стопанска банка Битола.

    Преку Македонска берза на инвеститорската јавност и ја соопштија ценовно чувствителната информација:

    „Согласно Одлука на Надзорниот одбор на Стопанска банка а.д. Битола од 26.09.2023 година и по усвојувањето на Годишната сметка за 2023 година од страна на Собранието на акционери на 25.04.2024 година, Стопанска банка а.д. Битола ја известува јавноста дека се разгледува можноста за присоединување на Стопанска банка а.д. Битола кон Комерцијална банка АД Скопје.

    По спроведување на постапка на длабинска анализа на целокупното работење на Стопанска банка а.д. Битола од страна на Комерцијална банка АД Скопје ќе се донесе одлука дали да продолжи постапката со изразување на намера за склучување на трансакцијата на присоединување, за што јавноста ќе биде известена“.

    Објава со слична содржина претходно имаше од Комерцијална банка. Со ова се потврдува најавата што лани, на крајот од септември, ја дадоа двете банки, дека длабинска анализа ќе биде спроведена откако завршните сметки за 2023 година ќе бидат усвоени од акционерските собранија. Комерцијална го одржа годишното Собрание на 27 март, а битолската Стопанска банка на 25 април.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично