ПОВЕЌЕ

    Одземена лиценцата на Стечај Плус од Битола

    Време зa читање: 2 минути

    Стечај Плус од Битола на Даниела Блажевска ја изгуби лиценцата за стечаен управник. Промената е внесена и во Централниот регистар.

    Министерството за економија и труд, на 28 јули годинава донело решение за одземање на лиценцата, поради ненавремено доставување барање за продолжување на лиценцата. Или, во случајот на Блажевска, не е запазен законски утврдениот рок од 30 дена пред истекот на лиценцата.

    Како што се наведува, решението се базира на членовите 30, 39 и 41 од Законот за едношалтерски систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица, како и на член 30 од Законот за стечај.

    „На стечајниот управник Даниела Симе Блажевска му престанува важењето на лиценцата за овластен стечаен управник издадена од министерот за економија под бр 147 на 7.8.2019 година, обновена на 4.7.2022 година, поради ненавремено доставување барање за продолжување на лиценцата, односно по законски утврдениот рок од 30 дена пред истекот на лиценцата. Ова решение влегува во сила со денот на донесувањето“, наведено е во решението од Централниот регистар.

    Од ова произлегува дека засега нема кој да го води стечајот на СН Осигурителен Брокер од Битола. Постапката беше отворена во мај годинава, по рочиштето за испитување на условите. Тогаш Основниот суд во Битола за стечаен управник го определи Стечај Плус ТП Битола, а Даниела Блажевска, од времен ја назначи за овластен стечаен управник.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично